16/08/2009
БУКУРЕШТ, Романија -- Тринаесет лица загинаа, а други три беа повредени во саботата (15-ти август), кога воз се судри со минибус на железнички премин во близина на Иаси, во североисточна Романија. На преминот немало препрека, рече претставник на Министерството за здравство Рајед Арафат. Директорот на железничкото претпријатие Региотранс, Флорин Хадареан, рече дека возачот на минибусот не го видел знакот кој покажува дека се приближува воз. Никој во возот не е повреден. (Aгерпрес, Реалитатеа, АФП - 15/08/09)