03/08/2009
БЕЛГРАД, Србија -- Српската напредна партија (СНС) повика на предвремени избори во неделата (2-ри август), за надминување на „длабоката парламентарна криза“. Според претставниците на СНС, судирот во рамките на владејачката коалиција околу предложениот закон за јавното информирање покажува дека владата и парламентот не функционираат добро и дека нема консензус за приоритетите. Предлог-законот, кој ги регулира медиумските активности, предизвика толку тензии меѓу коалициските партнери, што тие се согласија да го одложат секое гласање за истиот до 31-ви август, оставајќи време за консултации со новинари, медиумски здруженија и европски институции, кои се, наводно, загрижени околу предлог-законот. Следните закажани општи избори во Србија нема да се одржат пред мај 2012 година.
Во другите вести од неделата, заменик-шефот на мисијата на Американската амбасада во Белград, Џенифер Браш, за новинската агенција Бета изјави дека Вашингтон ќе вложи максимални напори да й помогне на Србија за пристапувањето во ЕУ и НАТО. Таа додаде дека главната цел на новата американска администрација е успешна Србија и успешен регион, кој ќе биде дел од успешна Европа. (Taнјуг, Б92, РТС, Бета, Радио Србија - 02/08/09)