Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Tурција бара демократско решение за курдскиот конфликт

03/08/2009

AНКАРА, Турција -- Владата во неделата (2-ри август) вети дека ќе го следи „демократскиот пат“ и ќе постигне јавен консензус околу начините за надминување на 25-годишниот конфликт со курдското малцинство. Минатата недела владата на премиерот Реџеп Тајип Ердоган објави дека ќе им даде повеќе права на Курдите и ги охрабри опозициските партии и другите групи да помогнат во решавањето на конфликтот. Во неделата министерот за внатрешни работи, Бесир Аталај, одржа четиричасовен состанок со 15 истакнати локални новинари, барајќи нивно мислење околу начините за решавање на конфликтот, во кој животот го загубија 40.000 луѓе. Аталај предложи воспоставување дијалог со курдските интелектуалци и други активности со цел да се убеди терористичката Курдистанска работничка партија (ПКК) да ги напушти планините во северен Ирак, каде што й се базите, и да се врати во Турција. (Ројтерс, Милијет, Радикал - 02/08/09)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's