Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Косор разговараше за хрватско-словенечкиот пограничен спор во Брисел

24/07/2009

БРИСЕЛ, Белгија -- Новата хрватска премиерка Јадранка Косор во четвртокот (23-ти јули) во Брисел се состана со претставниците на ЕУ, нејзина прва посета во странство по изборот претходно овој месец. Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, и претседателот на Европскиот парламент, Јержи Бузек, потврдија дека Хрватска и Словенија мора самите да го решат својот долготраен пограничен спор. Судирот ја попречи кандидатурата за пристапување на Хрватска во ЕУ во изминативе неколку месеци. ЕУ се обиде да посредува во еден кус период, но минатиот месец одлучи да го остави прашањето на Хрватска и Словенија.

Исто така во четвртокот, Баросо се состана со црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ, на разговори околу понатамошните чекори во процесот на европска интеграција на земјата. Посетата на Ѓукановиќ дојде еден ден откако комесарот за проширување на ЕУ, Оли Рен, го предаде прашалникот за подготвеноста на земјата за пристапување во блокот. Баросо го пофали напредокот на Црна Гора во исполнувањето на условите потребни за ЕУ и истакна дека приоритет сега треба да биде „ефикасното спроведување на законите“. (ХРТ, ХИНА, Вјесник, Кроејшн тајмс, Дневник, Пословни, Ројтерс, РТЦГ, Танјуг - 23/07/09)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's