Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Рен ги потврди шансите на Србија и Црна Гора за пристапување во ЕУ

23/07/2009

БЕЛГРАД, Србија -- Комесарот за проширување на ЕУ, Оли Рен, во средата (22-ри јули) ги увери српските власти дека Европската комисија (ЕК) е решена да ја внесе Србија во ЕУ, откако земјата ќе ги исполни своите обврски кон Трибуналот на ОН за воени злосторства. По состанокот со претседателот Борис Тадиќ, Рен додаде дека Србија треба да ја продлабочи регионалната соработка. Тадиќ, пак, рече дека членството во ЕУ претставува најважна стратешка цел на Србија. Тој му рече на Рен дека Белград ќе ги спроведе реформите потребни за ЕУ и ќе се обиде да ги исполни преостанатите услови за да биде вклучен во безвизниот режим од следниот јануари.

Од Белград, Рен отпатува за Подгорица, каде што го предаде прашалникот за демократските реформи и спроведувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација помеѓу ЕУ и Црна Гора. Подгорица мора да одговори на повеќе од 2.100 прашања. Врз основа на овие одговори, ЕУ ќе ја процени подготвеноста на Црна Гора за членство.

Премиерот Мило Ѓукановиќ рече дека овој момент претставува историска пресвртница за Црна Гора. Тој ќе се состане со претседателот на ЕК, Жозе Мануел Баросо, и заменик-претседателот на ЕК, Жак Баро, во четврток во Брисел, на разговори околу понатамошните чекори во процесот на европска интеграција на земјата. Црна Гора се надева дека ќе добие кандидатски статус следната година и ќе отвори разговори за пристапување до 2011 година. (Taнјуг, РТЦГ, Минa - 23/07/09; РТС, Танјуг, Б92, Бета, РТЦГ, ДПА, АФП - 22/07/09)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's