Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Г17 Плус ќе учествува самостојно на српските избори

21/07/2009

БЕЛГРАД, Србија -- Г17 Плус ќе ги мобилизира своите гласачи и ќе учествува самостојно на следните избори, објави во понеделникот (20-ти јули) заменик-шефот на парламентарната група. Во мај 2008 година Г17 Плус беше дел од коалицијата предводена од Демократската партија (ДС) За европска Србија. Гласачите тогаш беа прилично поделени, избирајќи помеѓу националистите и проевропските партии. Г17 Плус и ДС ја поддржаа демократијата и учествуваа во коалиција на неколку изборни циклуси и влади. Сепак, неодамнешното соопштение од двете партии покажа дека односите им се влошени во изминативе месеци, иако двете негираат каква било поделба во нивната владејачка коалиција. Но, минатата недела ДС потпиша прелиминарен меморандум за соработка со две партии од коалициските партнери -- Српската социјалистичка партија и Демократската партија Санџак, и соопшти дека нема да ја покани Г17 Плус да им се придружи сега засега. (Блиц, Б92 - 20/07/09)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's