14/07/2009
AНКАРА, Турција -- Претседателот Абдула Ѓул во понеделникот (13-ти јули) рече дека Турција сака разговорите за повторно обединување на Кипар да завршат наскоро и да се одржи референдум до крајот на годинава, објавија медиумите. „Нашата крајна цел е да се постигне трајно решение за островот и да се создаде одделна област на соработка меѓу Турција, Грција, Кипар и ЕУ“, рече Ѓул на заедничката прес-конференција по состанокот со водачот на кипарските Турци во посета на земјата, Мехмет Али Талат.
Исто така во понеделникот, кипарскиот претседател Деметрис Христофиас ја отфрли можноста за каков било договор за повторно обединување кој ќе й овозможи на Турција да го задржи својот статус на гарант на островот и правото на воена интервенција. „Кипарските Грци не сакаат островот да остане под туторство“, рече тој. Анкара инсистира на тоа безбедносните гаранции да бидат дел од евентуалниот договор за повторно обединување, што ќе й овозможи на Турција да интервенира ако на кипарските Турци им се заканува напад. (Новинска агенција Анадолу, Хабер Турк, Хуријет, Нафтемборики, АП - 13/07/09)