09/07/2009
TИРАНА, Албанија -- Социјалистичката партија (СП) бара целосно пребројување на гласачките кутии од регионот Фиери пред да ги признае официјалните резултати од општите избори во неделата, објавија локалните медиуми во четвртокот (9-ти јули). И покрај тврдењата на СП дека освоиле девет мандати во Фиери, прелиминарните резултати покажуваат дека освоиле осум. Тврдењата на СП се засновани на одлуката на Централната изборна комисија (ЦИК) да не ги пребројува гласовите во некои мали избирачки места, кои, како што вели СП, би им обезбедиле девет места. ЦИК, исто така, ја привршува работата во Валона и Елбасан. (ББС, Шекули, Топ њус, Балкан веб - 09/07/09)