Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Судењето на Медиу повторно одложено

07/07/2009

TИРАНА, Албанија -- Високиот суд во Тирана во понеделникот (6-ти јули) повторно го одложи судењето на поранешниот министер за одбрана Фатмир Медиу, кој се соочува со обвиненија за злоупотреба на службената положба. Адвокатите на Медиу не се појавија во судот, поради, како што рекоа, привременото затворање на тунел по автопатот Драч-Кукеш. Обвинителите рекоа дека затворањето на тунелот било најавено неколку дена порано. Рочиштето е сега закажано за септември. Медиу е обвинет во врска со минатогодишните експлозии на муниција во Гердец, во кои загинаа 26 лица, а беа повредени 300. (Њус 24, Балкан веб, Телеграфи, Шекули - 06/07/09)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's