Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Тачи го обвини судството за корупција

03/07/2009

ПРИШТИНА, Косово -- Премиерот Хашим Тачи во четвртокот (2-ри јули) рече дека кревкиот судски систем во Косово претставува пречка во борбата против корупцијата. Тој одржа прес-конференција на која одговори на последниот извештај на набљудувачката група за демократија Фридом хаус, објавен во вторникот. Во него судството се опишува како едно од најслабите алки во косовското владеење на правото. „И покрај подобрувањето на легислативата, постои генерален недостаток на политичка волја за борба против корупцијата“, се предупредува во извештајот. Тачи ја поздрави анализата, велејќи дека тоа е најпозитивен извештај за Косово досега, бидејќи во понатамошниот текст се искажуваат пофалби за младата држава, во врска со подобрувањето на локалното и државното управување.

Исто така во четвртокот, за време на дебатата во Приштина насловена како „Традиционалното судство во Косово“, учесниците рекоа дека реформите се суштински за воспоставување стабилно, демократско општество каде што се почитува владеењето на правото и правдата. Високиот комесар на ОБСЕ за малцинства, Кнут Болебек, рече дека неговата организација е подготвена да помогне во реформскиот процес. Тој додаде дека комуникацијата меѓу заедниците е клучна за успехот во Косово.

Шефот на правниот оддел на ЕУЛЕКС, Алберто Пердука, рече дека за земјите во транзиција, од суштинска важност е оние што направиле сериозно кршење на човековите права, да бидат судени. Тој додаде дека во последниве месеци Косовската канцеларија на специјалниот обвинител претресе 63 случаи на воени злосторства. (Косова Сот, Зери, Експрес, Лајм - 03/07/09; РТК, ТВ 21 - 02/07/09)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's