03/07/2009
ПРИШТИНА, Косово -- Претседателот Фатмир Сејдиу во четвртокот (2-ри јули) рече дека не е загрижен за релативно малиот број земји што ја признаа независноста на Косово, или дека никој не ја призна веќе повеќе од еден месец. „Не можеме да ги определуваме распоредите или движењата на земјите за одлуките што мора да ги донесат“, објасни Сејдиу. „Не сакам да ги споредувам настаните со историите на другите земји ... но, знам дека некои земји од поранешна Југославија мораа да чекаат и по шест месеци за првото признавање“, додаде тој. (Коха Диторе, Телеграфи, Кохавижн - 03/07/09)