Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Грчките медиуми го откажаа штрајкот по судската одлука

03/07/2009

AТИНА, Грција -- Штрајкот планиран од страна на медиумите за во четвртокот (2-ри јули) мораше да се откаже, откако судот во Атина го прогласи за незаконски. Одлуката уследи набргу откако започна штрајкот на пладне, поради што истиот мораше да биде прекинат. Новинарите протестираа поради затворањето на два медиуми -- весникот Елефтерос типос и радиостаницата Сити -- чии сопственици за затворањето ја обвинуваат актуелната економска криза. Организаторите на протестот велат дека не се откажуваат.

Во другите вести, две моќни експлозии ја потресоа централна Атина рано во петокот. Првата оштети автомобили и згради на една крстосница во областа Амбелокипи. Два весника примија предупредувачки повици за бомбата, но не беше спомената точна локација. Втората експлозија предизвика голема штета на Грчкиот институт за миграциска политика. Ниту една група досега не ја презеде одговорноста за нападите. (Нафтемборики, Етнос, Вима, Скај, АФП - 03/07/09; Фокус - 02/07/09)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's