03/07/2009
СКОПЈЕ, Македонија -- Специјалниот претставник на ЕУ во Македонија, Ерван Фуере, во четвртокот (2-ри јули) повтори дека владата треба да назначи наследник на вицепремиерот за евроинтеграција во оставка, Ивица Боцевски, што е можно поскоро. Фуере рече дека го истакнал ова за време на состанокот со премиерот Никола Груевски. „Сметаме дека е многу важно да продолжи процесот на реформи. Испразнето место во ваква важна институција може да има негативно влијание“, рече тој. Боцевски поднесе оставка во вторникот, велејќи дека сторил сé што можел на оваа позиција. (Кирилица, МИA - 02/07/09)