03/07/2009
БЕЛГРАД, Србија -- Владата во четвртокот (2-ри јули) го поддржа претседателот Борис Тадиќ, согласувајќи се дека малцинските Срби во Косово не треба да учествуваат на локалните избори таму во ноември. Тадиќ, водач на владејачката Демократска партија (ДС), вели дека условите за косовските Срби се несоодветни и дека нивната безбедност не може да се гарантира.
На состанокот во четвртокот, српската влада заклучи дека изборите во ноември нема да се организирани во согласност со резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, која го става Косово под контрола на ОН. Единственото несогласување во Белград дојде од опозициската Либерално демократска партија, поранешна фракција во ДС. Претседателот на партијата, Чедомир Јовановиќ, вели дека Белград не требаше да ги повика косовските Срби да ги бојкотираат изборите. (Фонет, Бета, Танјуг, Б92 - 02/07/09)