02/07/2009
БЕЛГРАД, Србија -- Иако до изборите има повеќе од четири месеци, претседателот Борис Тадиќ во средата (1-ви јули) рече дека нема заштита за српското малцинство да учествува на локалните избори во Косово во ноември. Исто така, нема гаранции дека Србите ќе имаат каков легитимитет во косовските институции. Затоа, рече тој, Белград не може да даде никаква поддршка за изборите.
Неговиот косовски колега Фатмир Сејдиу одговори, велејќи дека изјавата на Тадиќ е „доказ за ирационален и неправичен пристап кон косовските Срби, бидејќи Тадиќ се обидува да ги спречи да ја прифатат реалноста во Косово“. Вицепремиерот Хајредин Куци потсети дека со учество на изборите српската заедница ќе преземе поголема одговорност. (Зери, Коха Диторе, Експрес, Косова Сот, Лајм - 02/07/09; Б92 - 01/07/09)