02/07/2009
AТИНА, Грција -- Силен земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала беше регистриран на јужниот остров Крит во средата (1-ви јули). Епицентарот беше 30 километри длабоко во Средоземното Море, на околу 450 километри југоисточно од Атина. Вториот земјотрес, со јачина од 4,5 степени се случи неколку минути подоцна. Нема извештаи за евентуални повредени или материјална штета. (Зугла, АНА-МПА, УПИ, АП - 01/07/09)