30/06/2009
БУКУРЕШТ, Романија -- Државната обвинителка Лаура Кодрута Ковеси побара од претседателот Трајан Басеску во понеделникот (29-ти јуни) да дозволи кривична истрага против поранешниот министер за приватизација Овидиу Мусетеску, објавија медиумите. Мусетеску е осомничен за злоупотреба на службената должност во врска со приватизацијата од 2001 година на претпријатијата за алуминиум Алро Слатина и Алпром СА. Обвинителството објави дека тој наводно ја намалил вредноста на државните акции во двете претпријатија и дека процесот бил нетранспарентен. (Meдиафакс, Хотњус, Ројтерс - 29/06/09)