30/06/2009
ПРИШТИНА, Косово -- Претседателот Фатмир Сејдиу и премиерот Хашим Тачи потпишаа договори со ММФ и Светската банка во Вашингтон, со што Косово стана полноправен член на двете меѓународни финансиски организации во понеделникот (29-ти јуни). „Членството го зајакнува суверенитетот, ги отвора перспективите за економски развој и создава работни места за независно Косово“, рече Тачи. „Членувањето во овие важни финансиски институции ќе го направи Косово функционална држава и ќе убеди многу земји да го признаат како најнова држава во светот“, рече министерот за финансии, Ахмет Шала, на прес-конференцијата во Вашингтон. (Зери, Коха Диторе, Експрес - 30/06/09; РТК, Телеграфи, АФП, АП - 29/06/09