29/06/2009
СОФИЈА, Бугаријa -- Централната изборна комисија регистрираше 19 набљудувачи на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПАЦЕ) за парламентарните избори на 5-ти јули, објавија медиумите во неделата (28-ми јуни). Претходно овој месец ПАЦЕ протестираше поради неиздавањето од страна на бугарските власти на покана за негово учество како меѓународен набљудувач, истакнувајќи дека според постојните регулативи, ова е негово неоттуѓиво право. ПАЦЕ, исто така, предупреди дека несоработката на земјата може да резултира со санкции. (Софиска новинска агенција, БГНЕС, БНР - 28/06/09)