Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Приштина го минимизираше пограничниот спор со Србија

29/06/2009

ПРИШТИНА, Косово -- Владата во неделата (28-ми јуни) ги минимизираше посочувањата дека се спрема пограничен спор меѓу Косово и Србија во источно Косово. Реакцијата уследи по серијата тврдења за српска жандармериска единица која патролира во селото Карачево, област за која Косово вели дека е дел од неговата територија. Според овие извештаи, Србите, наводно, поставиле контролен пункт за кој велат дека ја одбележува границата меѓу двете места. Според Косовската погранична полиција, српската патрола во петокот влегла во област која жителите ја сметаат за дел од Косово, додека КФОР ја смета за дел од Србија. Вицепремиерот Хајредин Куци рече дека владата -- заедно со КФОР -- јасно ќе ја дефинира сопственоста на областа. Во изминатава деценија КФОР патролира на „зелената линија“ од 5 километри на границата. (Коха Диторе, Зери, Епока е Ре - 29/06/09; Кохавижн, РТК - 27/06/09)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's