29/06/2009
AНКАРА, Турција -- Министерот за култура, Ертугрул Гунај, вели дека Турција планира повторно да ја отвори грчката православна семинарија на островот Хејбелиада -- Халки на грчки -- во близина на Истанбул, скоро четири децении по нејзиното затворање. Тој во неделата (28-ми јуни) рече: „Семинаријата во моментов не се вклопува во нашиот универзитетски систем, но ќе се разработи друга формула. […] Нема политички проблем“. Семинаријата, единствен објект кој Источната православна црква го имаше за обука на свештенството во Турција, беше затворена во 1971 година, откако беше усвоена легислатива која ги стави институциите на високото образование под државна контрола. Грција и ЕУ долго време бараа Халки да биде повторно отворена, за Турција да го демонстрира почитувањето на правото на своето христијанско малцинство. (Ватан - 29/06/09; Милијет, Хуријет - 28/06/09)