28/06/2009
ЉУБЉАНА, Словенија -- Владата испрати протестна нота до Хрватската амбасада во Љубљана во врска со наводните нарушувања на словенечкиот воздушен простор, објавија медиумите во петокот (26-ти јуни). Според словенечкото Министерство за надворешни работи, два хрватски борбени авиони што придружувале странска делегација го нарушиле воздушниот простор на земјата на 19-ти јуни. Министерството вели дека прашањето се третира како инцидент, а не како закана или провокација. Истото додаде дека ќе биде испратен извештај до Високата команда на НАТО. Билатералните врски се заладени од декември 2008 година, кога Љубљана ги блокираше разговорите за пристапување на Загреб во ЕУ. (Jавно, СТА, Дневник, Б92, Глас Србије - 26/06/09)