Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Романија ќе испитува осум владини министри

26/06/2009

БУКУРЕШТ, Романија -- Агенцијата за национален интегритет (АНИ) ќе започне истрага за осум министри поради недоследности во нивните изјави за имотната состојба, објави во четвртокот (25-ти јуни) претседателот на АНИ Александру Маковеи. Осуммината се најбогати во владата, со имот од вкупно 8 милиони евра, рече Маковеи. Реалитатеа ТВ посочи дека министерот за економија, Адријан Видеану, е на врвот од листата, со лично богатство од околу 2 милиони евра. Министерот за транспорт, Раду Берчеану, е втор со 1,87 милиони евра, по што следат министерот за правда, Каталин Предиу, со 1,6 милиони евра, и министерот за одбрана, Михаи Станисоара, со 250.000 евра. Сите се членови на Либералдемократската партија.

Владините министри од Социјалдемократската партија имаат помалку. Најбогат од нив е министерот за земјоделство Илие Сарбу, кој пријави имот од 208.000 евра. Претседателот Трајан Башеску рече дека нема да се двоуми да суспендира кој било министер под истрага, за пополнување лажни изјави за имотната состојба. Премиерот Емил Боц рече дека нема проблем да ја смени и министерката за млади Моника Јакоб Риѕи, ако парламентарната комисија заклучи дека злоупотребила државни пари. (Aдеварул - 26/06/09; Реалитатеа - 25/06/09)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's