21/06/2009
AНКАРА, Турција -- Еден војник загина, а други двајца беа повредени доцна во петокот (19-ти јуни) во судирите со членовите на терористичката Курдистанска работничка партија (ПКК), објавија медиумите во саботата, цитирајќи воени извори. Борбите избија во источната провинција Тунчели за време на воената операција за спасување двајца цивили киднапирани од ПКК претходно оваа недела. Безбедносите сили не успеаја да ги ослободат заложниците, но операцијата продолжува, соопшти армијата.
Во другите вести од петокот, спасувачите ги пронајдоа телата на две лица кои беа исчезнати во хеликоптерската несреќа во југозападна Турција. Противпожарникарски хеликоптер со пет лица се урна во четвртокот меѓу градовите Мугла и Милас. Двајцата турски државјани -- пилотот и припадникот на службата за заштита на шумите -- загинаа. Другите тројца членови на екипажот, наводно украински државјани, беа спасени. (Милијет, Чумхуријет - 21/06/09; новинска агенција Анадолу, ТРТ, Хуријет, Ројтерс - 20/06/09; Заман, Хуријет, АП, Прес ТВ - 19/06/09)