19/06/2009
БРИСЕЛ, Белгија -- Хрватска и Словенија не го решија својот долготраен пограничен спор на состанокот со кој посредуваше ЕУ, помеѓу министерот за надворешни работи Гордан Јандроковиќ и неговиот словенечки колега, Самуел Збогар, во четвртокот (18-ти јуни) во Брисел. Збогар подоцна за новинарите изјави дека Хрватска ги прекина преговорите со одбивање на последниот предлог на комесарот за проширување на ЕУ, Оли Рен, во врска со ова прашање. Јандроковиќ го негираше ова, велејќи дека Загреб ја прифатил последната компромисна понуда. Хрватскиот премиер Иво Санадер побара од Словенија веднаш да ја прекине блокадара на разговорите за пристапување на Хрватска во ЕУ и понуди два предлози со цел ставање крај на ќор-сокакот, од кои двата вклучуваат документација за границата. Збогар рече дека според него „збунувачки“ е тоа што Хрватска нуди алтернативни предлози додека сé уште траат преговорите. (ХРТ, СТА, ХИНА, Јавно, РТС, ЕУопсервер, Ројтерс, АФП - 18/06/09)