14/06/2009
ТИРАНА, Албанија -- Поддржувач на владејачката Демократска партија (ДП) беше убиен во петокот (12-ти јуни), за време на расправија со политичките противници околу изборните плакати. Инцидентот се случи во селото Ќерет, во близина на главниот град Тирана. Скендер Бала, поддржувач на Социјалистичката партија (СП) пукал со пушка на Артан Зека (25), откако тој се обидел да постави плакат на ДП. Убиецот е притворен, и ќе биде обвинет за убиство и нелегално поседување оружје. И ДП и СП го осудија убиството и апелираа до своите поддржувачи да не ја нарушуваат изборната кампања со насилни инциденти.
Инцидентот од петокот беше второ убиство пред парламентарните избори на 28-ми јуни. Во мај непознати напаѓачи го убија Фатмир Џинди, член на парламентот од СП, во близина на неговата куќа во градот Росковец. (Ројтерс, АФП, АП, ДПА, Макфакс -12/06/09)