Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Даунер вели дека не постои план на ОН за повторно обединување на Кипар

04/06/2009

НИКОЗИЈА, Кипар -- ОН не работат на никаков план за повторно обединување на поделениот остров Кипар, ниту, пак, се обидуваат да се мешаат во процесот на преговори помеѓу грчката и турската заедница, рече претставникот на ОН во Кипар, Александар Даунер, во средата (3-ти јуни). По завршувањето на вториот круг преговори помеѓу кипарскиот претседател Деметрис Христофиас и водачот на кипарските Турци, Мехмет Али Талат, Даунер објасни дека одговара на неодамнешниот натпис во турскиот весник Милијет, во кој се вели дека ОН подготвуваат план за решавање на кипарското прашање. „Задачата на ОН е да ги поддржи земјите во преговорите и не е нивна работа да подготвуваат какви било проекти“, рече Даунер.

Што се однесува до состанокот во средата, Даунер рече дека Христофиас и Талат, во основа, ги завршиле разговорите околу економските прашања и ќе почнат со решавањето на територијалните прашања следната недела. (AФП, Катимерини, Хуријет, Ксинхуа, ИТАР-ТАСС - 03/06/09)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's