Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Македонската партија ДУИ одреди краен рок за спорот околу името

29/05/2009

СКОПЈЕ, Македонија -- Партијата на етничките Албанци Демократска унија за интеграција (ДУИ) одреди краен рок за нејзиниот коалициски партнер ВМРО-ДПМНЕ да го реши спорот околу името со Грција и да го придвижи блокираниот процес на евроатланска интеграција до крајот на годинава. Ако не се случи тоа, Албанците ќе бараат нови алтернативи, изјави членката на ДУИ Теута Арифи за локалната телевизија Алсат М во четвртокот (28-ми мај). Таа предупреди дека секој обид за промена на курсот на Македонија кон интеграцијата во ЕУ и НАТО е опасен. Грција ја блокира кандидатурата на Македонија за НАТО поради долготрајниот спор на двете земји во врска со името. Анкетите на јавното мислење покажуваат дека етничките Албанци се повеќе за компромис отколку Македонците, кои го поврзуваат името на земјата со својот идентитет.

Исто така во четвртокот, водачот на ДУИ Али Ахмети рече дека владејачката коалиција е стабилна и дека неговата партија нема да ја напушти владата. Тој го изјави ова по откажаната посета на косовскиот претседател Фатмир Сејдиу на Македонија, поради извештаите дека нема да биде пречекан со државни почести. (МРТ, Макфакс - 29/05/09; Дневник, Утрински весник - 28/05/09)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's