26/05/2009
AТИНА, Грција -- Муслиманските здруженија во Атина поднесоа кривична тужба против полицаец кој, наводно, осквернавел копија на Коранот минатата недела, објавија медиумите во понеделникот (25-ти мај). Минатиот четврток полицаецот, наводно, го зел Коранот од муштерија за време на полициска проверка во атинско кафуле, го искинал, го фрлил на земја и го газел. Полицијата вели дека полицаецот не знаел оти тоа е исламската света книга. Пакистанската заедница во Грција ја повика владата да ја преземе одговорноста за инцидентот и побара извинување од властите. Инцидентот доведе до дводневни протести на стотици муслимани во централна Атина. Во насилните судири со полицијата во петокот беа повредени најмалку 14 лица и беа оштетени неколку претпријатија; 46 лица беа приведени. (СКАИ, АП, АНА-МПА, In.news - 25/05/09)