13/05/2009
СОФИЈА, Бугарија -- Уставниот суд ги блокираше напорите за зголемување на прагот што коалициите мора да го исполнат за да освојат места во парламентот, објавија во вторникот (12-ти мај) пратениците Огњан Герџиков и Георги Близнашки. Неодамнешните измени во изборниот закон двојно го зголемија прагот, од 4 на 8 отсто. Овој потег на Уставниот суд ќе значи дека прагот мора да се врати на 4 отсто за сите партии и коалиции.
Во другите вести од вторникот, Европската комисија официјално ослободи 115 милиони евра од блокираните средства на Инструментот за структурна политика за претпристапната програма (ИСПА). Овој потег беше одговор на покажаниот повисок степен на контрола и подобро следење на регулативите на ЕУ од страна на бугарските власти.
Исто така во вторникот, бугарскиот светски шампион во уметничко лизгање Максим Стависки беше осуден на пет години условно поради инцидентот од 2007 година, при кој тој возел во пијана состојба и усмртил едно лице, додека друго претрпело сериозни повреди. Оваа казна, изречена од Врховниот суд за казација, ја замени претходната, двегодишна затворска казна. (Сега, 24 Часа, Труд - 13/05/09; AП, АФП, Дарик, Дневник, БТА, БГНЕС - 12/05/09)