07/05/2009
САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Главниот обвинител на Хашкиот трибунал за воени злосторства, Серж Брамерц, во средата (6-ти мај) потврди дека трибуналот уништил околу 1.000 парчиња докази од масовните гробници во областа на Сребреница. Брамерц беше во Сараево, каде што се состана со претставниците на здружението „Мајките од енклавите Сребреница и Жепа“. Тој ја припиша одлуката за уништување на доказите на лошата состојба во која се наоѓале. Сепак, информациите за доказите, кои вклучуваат фотографии, лични предмети и парична облека, се архивирани. Роднините на околу 8.000 муслимански мажи и момчиња, убиени во масакрот во Сребреница во 1995 година, ја критикуваа одлуката за уништување на конкретните докази. (Б92, AНП, Макфакс - 06/05/09)