26/04/2009
БУКУРЕШТ, Романијa -- Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја потресе источна и централна Романија доцна во саботата (25-ти април). Властите велат дека епицентарот бил во регионот Вранчеа, околу 120 километри североисточно од Букурешт. Нема извештаи за евентуална штета или повредени, но луѓето во паника ги напуштиле своите домови. Земјотресот бил, исто така, почувствуван и во северена Бугарија. (Дарик, Ксинхуа, AП, Hotnews.ro - 25/04/09)