14/04/2009
ПРИШТИНА, Косово -- Меѓународната цивилна канцеларија (ИКО) й рече на српската заедница во Косово рече дека процесот на децентрализација претставува нејзина шанса на годината. „Понудата е на маса. Сега косовските Срби се тие што треба да одлучат и да ја прифатат оваа понуда“, рече портпаролот на ИКО, Каи Мулер-Бернер, во вторникот (14-ти април). Планот за децентрализација предвидува формирање пет плус една општина со српско мнозинство. Но, водачите на косовските Срби рекоа дека нивната заедница нема да го поддржи овој процес бидејќи го водат косовската влада и ИКО. Тие бараат неутралност под раководство на Европскиот совет.
Во другите вести од вторникот, ЕУЛЕКС побара од владата да го забрза усвојувањето закон кој ќе ги зајакне механизмите на заштита на сведоците. Барањето, од портпаролката на ЕУЛЕКС, Карин Лимдал, доаѓа во време кога ЕУЛЕКС го поткрепува својот преглед на досиејата за воените злосторства. Механизмот за заштита на сведоците се смета за клучен елемент на судските реформи во врска со воените злосторства и организираниот криминал. (Зери, Косова Сот, Коха Диторе, Кохавижн, Телеграфи, Косовалајв - 14/04/09; Радио Слободна Европа - 13/04/09)