25/03/2009
ЗАГРЕБ, Хрватскa -- Чешкото претседателство на ЕУ во вторникот (24-ти март) одлучи да ја одложи меѓувладината конференција за разговорите во врска со пристапувањето на Хрватска за еден месец, до 24-ти април. Овој потег следеше по барањето од Словенија, која ги блокираше преговорите за пристапување на Загреб во ЕУ во декември, поради пограничниот спор помеѓу двете држави. Европската комисија неодамна интервенираше, обидувајќи се да ги убеди Хрватска и Словенија да постигнат компромис за да може процесот на пристапување да продолжи. Сепак, засега, посредувањето на ЕУ не помага. Хрватска сé уште инсистира на тоа дека Меѓународниот суд на правдата треба да го реши спорот, идеја на која Словенија се спротивставува. (ХРТ, Business.hr - 24/03/09)