Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Христофиас ја предупреди Турција да не се меша во разговорите за повторно обединување

08/03/2009

НИКОЗИЈА, Кипар -- Кипарскиот претседател Деметрис Христофас во петокот (6-ти март) рече дека влијанието на Турција над кипарските Турци им штети на тековните директни разговори за повторно обединување на поделениот остров. „Уште една ... сакам да истакнам дека ако ЕУ и меѓународната заедница не ја убедат Турција дека водачот на [кипарските Турци Мехмет Али Талат] е преговарачот и дека мора да има целосна слобода за преговарање, тогаш работите ќе бидат тешки“, рече Христофиас на прес-конференција. „Ќе има решение ако Турција покаже разбирање и промена на својот став.“

Во меѓувреме, Талат во саботата сигнализираше дека е можно да не се кандидира за нов манадат во 2010 година, ако двете кипарски заедници не постигнат договор до крајот на 2009 година. „Ако нема надеж за решение [до крајот на годинава], јас не сум ја завршил својата мисија“, изјави Талат за весникот Сабах. Тој призна дека темпото на директните разговори за повторно обединување е бавно, префрлајќи го тоа на „сериозните разлики“ помеѓу двете страни за имотните прашања и размените на територија. (Сабах, новинска агенција Анадолу, Ројтерс - 07/03/09; КНА, Фамагуста газете, АП, Ројтерс, АФП, ДПА, Макфакс - 06/03/09)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's