26/01/2009
НИКОЗИЈА, Кипар -- Владата побара целосна истрага откако турска телевизиска ѕвезда изјави дека убил кипарски Грци за време на турската инвазија на Кипар во 1974 година, објавија локалните медиуми во саботата (24-ти јануари). Актерот Атика Олгач, кој служел во Кипар за време на интервенцијата во 1974 година, на телевизиско шоу во Турција изјави дека ладнокрвно убил десетмина кипарски Грци. Во петокот портпаролот на кипарската влада, Стефанос Стефану, рече дека владата ќе ги преземе „сите неопходни чекори“ во врска со ова прашање. Признанието ја шокираше кипарската јавност. Олгач рече дека убил еден 19-годишен воен затвореник и уште деветмина други. Сепак, подоцна Олгач ја повлече својата изјава, велејќи дека била лажна и дека имала за цел да го привлече вниманието за бруталноста на војната. (КНА, Фамагуста газете, Филелефтерос, Хуријет - 24/01/09)