12/01/2009
ИСТАНБУЛ, Турција -- Судот во неделата (11-ти јануари) подигна обвинение против деветмина за наводни врски со тајната сепаратистичка група Ергенекон, која е осомничена за планирање државен удар. Меѓу обвинетите е и поранешниот началник на полициските специјални сили, Ибрахим Сахин. Полицијата уапси уште 33 осомничени во неделата, во втората ваква операција за една недела. Рано во понеделникот полицијата го уапси и познатиот новинар Јалцин Кучук за наводна поврзаност со случајот.
Сепак, обвинителите наредија ослободување на десетмина осомничени за Ергенекон, вклучително и еден пензиониран генерал и еден поранешен претседател на Високиот образовен одбор, во неделата. Полицијата ги затвори во средата со 30 други наводни членови на организацијата. Моментно им се суди на вкупно 86 наводни членови на Ергенекон.
Во другите вести од неделата, полицијата заплени 20 килограми хероин, наводно, наменет за европскиот пазар. Полицијата ја пронашла дрогата во камион во централната провинција Ескишехир и уапсила двајца наводни шверцери. (Хуријет, Сабах, Ватан, Радикал, Заман - 12/01/09; новинска агенција Анадолу, СНН Турк, АФП, АП, Ројтерс, Ксинхуа - 11/01/09)