Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Парванов побара од Романија да го загарантира транзитот на гас

12/01/2009

СОФИЈА, Бугарија -- Претседателот Георги Парванов во неделата (11-ти јануари) побара од својот романски колега, Трајан Башеску, да дозволи слободен транзит на украински гас за Бугарија преку романската дистрибутивна мрежа, се вели во соопштението од канцеларијата на претседателот. Украина предложи да ја снабдува Бугарија со 1,5 до 2 милиони кубни метри природен гас на ден од своите резерви, со цел да й помогне на Софија да се справи со тековната криза со гасот. Но, на Бугарија й треба помош од Романија за да може ветениот романски гас да стигне до неа. Башеску рече дека неговата земја ќе започне со пренос на украински гас за Бугарија веднаш штом истиот ќе стигне до нејзината територија. Тој, исто така, рече дека Романија е подготвена да ја снабдува Бугарија и со електична енергија, ако биде потребно. Бугарија се соочува со голем недостаток на природен гас од минатиот вторник, кога сите испораки на руски гас преку Украина прекинаа, поради расправијата помеѓу Москва и Киев. (Aдеварул - 12/01/09; Mедиафакс, БНР, Софинска новинска агенција, Фокус - 11/01/09)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's