06/01/2009
AТИНА, Грција -- Полицијата во понеделникот (5-ти јануари) соопшти дека оружјето што било употребено за да се застрела младиот полицаец во центарот на Атина ги доведе инспекторите до левичарската терористичка група Револуционерна борба. Рано во понеделникот, вооружени напаѓачи отворија оган врз полицајци, сериозно ранувајќи еден од нив. Тестовите покажаа дека Револуционерна борба ја употребила едната пушка во април 2007 година за напад на полициска станица, вели полицијата. Екстремистичката група се појави откако полицијата ја разби левичарската терористичка група 17 Ноември во 2002 година. Револуционерна борба, исто така, ја презеде одговорноста за нападот на Американската амбасада во Атина во јануари 2007 година. Нападот во понеделникот ги зголеми стравувањата за повторно појавување на левичарски тероризам, иако веднаш не беше преземена одговорност. (Етнос, Елефтерос типос, Та неа, Вима - 06/01/09; Катимерини, In.news, Нафтемборики, АНА-МПА, АП, Ксинхуа - 05/01/09)