06/01/2009
СОФИЈА, Бугарија -- Царинските власти во понеделникот (5-ти јануари) запленија 35,5 килограми хероин во автомобил со холандски регистарски таблички, чиј возач, наводно, планирал да влезе во Србија и да продолжи за Западна Европа. Властите го уапсија возачот, турски државјанин, откако ја конфискуваа дрогата која ја поседувал на граничниот премин Калотина на бугарско-српската граница. Полицијата заплени вкупно 1,1 тони хероин во Бугарија минатата година. (Дарик, Стандард, Макфакс, МИА - 05/01/09)