06/01/2009
БЕЛГРАД, Србија -- Најновата партија во земјата, Српската напредна партија (СНС) -- која ја формираше поранешниот заменик-претседател на Српската радикална партија Томислав Николиќ -- нема планови за учество во евентуалната реконструирана влада, рече Николиќ во понеделникот (5-ти јануари). Тој додаде дека партијата претпочита да остана во опозиција. Сé поголеми се шпекулациите за евентуални владини промени поради влошените односи помеѓу Г17 Плус и нејзините владини партнери. Г17 Плус се судри со Демократската партија и помалите партии најпрво во врска со буџетот од 2009 година, а потоа и со договорот за соработка во енергетскиот сектор, потпишан со Русија на крајот од декември, за која Г17 Плус вели дека е штетен за Србија. (Б92 - 06/01/09; Бета, РТС, Блиц - 05/01/09)