06/01/2009
АНКАРА, Турција -- Министерот за надворешни работи, Али Бабаџан, во понеделникот (5-ти јануари) повика на воспоставување меѓународна мониторинг група, која ќе загарантира остварливо решение за конфликтот во Газа и рече дека Турција е подготвена да даде своја придонес во таквата мисија. „Ние сметаме дека секое решение треба да биде загарантирано од меѓународната заедница и дека постои потреба за група меѓународни набљудувачи за кое било решение да е одржливо“, рече Бабаџан на заедничката прес-конференција со својот сириски колега во посета на земјата, Валид ал-Муалем.
Исто така во понеделникот, турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган разговараше по телефон со својот руски, британски и италијански колега, Владимир Путин, Гордон Браун и Силвио Берлускони, во врска со тековната израелска воена офанзива во Газа. Тие, исто така, разговараа за проблемите со доставувањето на хуманитарната помош во регионот. Ердоган ги информираше за својата турнеја низ Блискиот Исток минатата недела, со цел ставање крај на насилството во Газа. (Ватан - 06/01/09; новинска агенција Анадолу, АП, Хуријет, Заман, НТВ, СНН Турк - 05/01/09)