06/01/2009
ПРИШТИНА, Косово -- Владата одвои 100.000 евра во понеделникот (5-ти јануари) за сопствениците на имотите запалени за време на етничките немири во северна Митровица. Вицепремиерот Хајредин Куци рече дека мерката има за цел да ги поттикне сопствениците повторно да ги отворат своите бизниси. Поздравувајќи го потегот, водачот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, ја повика владата да го зајакне полициското присуство во северниот дел од земјата, каде што доминира српското население, за да ги спречи идните инциденти помеѓу Албанците и Србите. Тој се залага за отворање постојани полициски станици таму. (Коха Диторе, Зери, Косова Сот, Експрес - 06/01/09; РТК, Телеграфи - 05/01/09)