Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Албанија го осуди насилството и повика на смиреност во Митровица

06/01/2009

TИРАНА, Албанија -- Министерството за надворешни работи во понеделникот (5-ти јануари) ги повика етничките Албанци во Косово да останат смирени и да избегнуваат „провокации“ по викендот со насилства во етнички поделениот град Митровица, во Косово. Во соопштението, министерството вели дека е убедено оти КФОР, Косовската полициска служба и мисијата на ЕУ, ЕУЛЕКС, се „способни да одговорат на секоја закана по безбедноста на Косово“. Главната опозициска партија, Социјалистичката партија (СП), исто така го осуди насилството во Митровица. Секретарот за надворешни односи на СП, Арта Даде, вели дека „српското малцинство мора да сфати оти нејзината европска иднина лежи во државата Косово“.

Исто така во понеделникот, српскиот претседател Борис Тадиќ ги повика ОН и ЕУ да ги зајакнат мерките кои ја гарантираат безбедноста на Србите што живеат во Косово, опишувајќи ги како „најранлив“ дел од населението таму. Тој, исто така, ги обвини меѓународните сили дека не реагираа соодветно на последната серија инциденти во северниот дел од Косово. Во своето писмо до Советот за безбедност на ОН, генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун, и чешкото претседателство на ЕУ, Тадиќ вели: „Инсистирам на тоа дека меѓународните претставници треба да го зголемат нивото на безбедност, кое е нивна безбедност и треба да ги спречат нападите врз Србите“. (AФП, Клан, Алсат, Топ ченал, Топ њус, РТС, Бета, Б92 - 05/01/09)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's