Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Нова расправија за воздушниот простор ги вжешти тензиите меѓу Грција и Турција

06/01/2009

АТИНА, Грција -- Локалните медиуми во понеделникот (5-ти јануари) објавија дека Грција испратила две протестни ноти до турското Министерство за надворешни работи, во врска со воздушната граница во Егејското Море. Турција вели дека грчките хеликоптери што летаат над малиот остров Фармакониси во Додеканес, го прекршиле воздушниот простор во две одделни прилики минатата недела. Турската воздухопловна одбранбена контрола предупреди дека грчките пилоти влегле во турскиот Летечко-информативен регион и побарале од нив веднаш да ја напуштат областа. Грција, пак, тврди дека областа над Фармакониси му припаѓа на нејзиниот национален воздушен простор. Грчкиот претседател Каролос Папуљас ги отфрли обвинувањата на Анкара и ја нарече Турција „кавгаџиски сосед“. Претседателот одлучи да го посети Агатониси, уште еден мал остров во Додеканесе во близина на Фармакониси, во рамките на својата турнеја низ земјата по повод прославите на Богојавление во вторник. (Ta неа - 06/01/09; Eкспрес, Катимерини - 05/01/09)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's