Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Антиизраелски демонстрации се одржаа низ целиот Балкан

04/01/2009

НИКОЗИЈА, Кипар/АТИНА, Грција/АНКАРА, Турција/САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ)/СОФИЈА, Бугарија -- Демонстрации против израелската воена операција во Газа се одржаа во неколку балкански земји во петокот (2-ри јануари) и саботата, објавија медиумите. Големиот мировен протест во Никозија во саботата се претвори во насилство, кога некои демонстранти се обидоа да ја преминат линијата на полицијата што го блокираше патот кон Израелската амбасада.

Во Атина, демонстрантите пред Израелската амбасада фрлаа камења и молотови коктели на полицијата доцна во саботата. Полицијата употреби солзавец и звучни гранати да ги растера.

Во Турција, илјадници луѓе протестираа пред џамиите низ целата земја по петочните молитви. Некои палеа израелски и американски знамиња и кажуваа погребни молитви за жртвите во Газа.

Во меѓувреме, премиерот Реџеп Тајип Ердоган рече дека Турција работи на планот од две фази за ставање крај на сегашната тензија во Газа. Ердоган го објави планот на прес-конференцијата по состанокот со египетскиот претседател Хосни Мубарак во Шарм ел Шеик доцна во четвртокот. Во саботата Ердоган отпатува за Саудиска Арабија, во рамките на напорите на Турција да помогне во преговорите за прекин на огнот.

Исто така во петокот, еврејските и муслиманските водачи во БиХ објавија заеднички апел до меѓународната заедница да го употреби своето влијание за прекин на крвопролевањето.

Во меѓувреме, во петокот, неколку стотици Бугари одржаа протести во јужниот град Мадан, поради израелските воздушни напади. (КНА, Фамагуста Газете, АП, АНА-МПА, In.news - 03/01/09, новинска агенција Анадолу, Хуријет, НТВ, АФП, Софиска новинска агенција, Нова ТВ - 02/01/09)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's