29/12/2008
AТИНА, Грција -- Земјотрес со јачина од 5.0 степени според Рихтеровата скала ги потресе североисточна Грција и јужна Бугарија рано во понеделникот (29-ти декември), објавија медиумите. Епицентарот на земјотресот беше лоциран во Средоземното Море, источно од грчкиот остров Самотраки. Земјотрес бил почувствуван и во Бугарија, вклучително и во Курџали, Хасково, Пловдив и Софија. Нема извештаи за евентуални повредени или материјална штета. (АНА-МПА, Катимерини, Софиска новинска агенција, БНР, БТА, Фокус - 29/12/08)