29/12/2008
ПОДГОРИЦА, Црна Гора -- Премиерот Мило Ѓукановиќ не ја отфрли можноста за одржување предвремени парламентарни избори оваа пролет. „Некои настани сигнализираат дека треба да ја разгледаме можноста за предвремени избори“, изјави тој во саботата (27-ми декември) за ИН ТВ. Тоа можеби ќе й овозможи на „владата да се посвети себеси на обврските на Црна Гора во процесот на интеграција во ЕУ и надминувањето на последиците од светската економска криза“, објасни Ѓукановиќ. Мандатот на актуелната влада истекува во 2010 година, но според договорот од 2007 година, следните избори треба да се одржат на крајот од 2009 година. (Бета, Б92 - 28/12/08; ИН ТВ, Макфакс - 27/12/08)