16/12/2008
ПАРИЗ, Франција -- Црногорската официјална апликација за членство во ЕУ беше поднесена во понеделникот (15-ти декември), на состанокот во Париз помеѓу црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ и францускиот претседател Николас Саркози, чија земја е актуелен претседавач на ЕУ. Сите 27 членки на ЕУ мора да ја одобрат апликацијата за Црна Гора да добие официјален кандидатски статус во ЕУ и да отпочне преговори за пристап. Процесот на одобрување трае околу една година и идните преговори може да траат помеѓу една и пет години. Комесарот за проширување на ЕУ, Оли Рен, го поздрави потегот на Црна Гора, опишувајќи го како историски. (Бета, РТЦГ, Дојче Веле, ИТАР-ТАСС - 15/12/08)