Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

ПДЛ победи на изборите во Романија

03/12/2008

БУКУРЕШТ, Романија -- Либералдемократската партија (ПДЛ) победи на општите избори, според резултатите на Централното изборно биро објавени доцна во вторникот (2-ри декември). Иако партијата изгуби на гласањето во неделата со мала разлика, новиот мнозински систем во голема мера беше во нејзина корист. Како резултат на тоа, ПДЛ освои 138 гласови од 333 места во Домот на делегатите и 58 од 137 места во Сенатот, или нешто повеќе од 40 отсто од местата во двата дома. Коалицијата на Социјалдемократската партија и Конзервативната партија е на второто место со 21 место во Домот на делегатите и со три во Сенатот. Актуелната владејачка Националлиберална партија освои само околу 11 отсто од местата во двата дома, освојувајќи над 18 отсто од вкупниот број на гласови. Демократскиот сојуз на Унгарците во Романија речиси не беше воопшто погоден од новиот систем, добивајќи 6,91 отсто од местата во Домот на делегатите и 6,57 отсто од местата во Сенатот. Конечните резултати се очекуваат в четврток. (Hotnews.ro, Гандул - 03/12/08; Meдиафакс, Ксинхуа - 02/12/08)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's